Легендарниот американски тенисер, Пит Сампрас, се вклучи во дебатата околу тоа кој е најдобриот тенисер на сите времиња. Сампарс, во кариерата, шест пати годината ја завршувал на првото место. Тој рекорд пред десет дена го подобри Новак Ѓоковиќ, кој седми па во кариерата календарската година ја завршува како број 1.
„Седма година за него. Сигурен сум дека тоа е бонусот за се она што го постигна оваа сезона. Мислам дека тоа ќе го цени уште повеќе кога ќе остари. Тоа го постигна во ерата кога се бореше со Федерер и Надал и кога се бореше со следната генерација тенисер“, изјавил Сампрас за Ројтерс.
„Мислам дека ова што го направи Новак во последните 10 години, победите на најголемите турнири, седум години е број 1, константноста во играта, е доволен показател дека е најдобриот во историјата“.
Ѓоковиќ минатата недела во Париз постави нов рекорд, ја освои 37.титула на мастерс турнирите. Од вчера Ѓоковиќ учествува на Завршниот мастерс во сезоната.
„Јас бев „Тој“ толку многу години, но Новак беше „Тој“ уште повеќе. Имаше поголема константа, освои повеќе важни турнири, повеќе гренд слемови. Би можел да продолжам да зборувам за неговата кариера. Мислам дека никогаш веќе нема да видиме таков тенисер“, заклучил „Пистол Пит“.