Top Sport

Михајловиќ: Беше судбина што се разболев во Болоња

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ денеска стана почесен граѓанин на италијанскиот град, оценувајќи дека било „судбина“ што му била дијагностицирана леукемија додека работел во градот.

Српскиот тренер во октомври 2019 година беше на трансплантација на коскена срж по два циклуси хемотерапија, по што се опорави. На состанокот со градоначалникот на Болоња, Матео Лепоре, тој го посвети признанието на семејството, клубот и болничкиот тим кој го лекуваше.

„Беше судбина што оваа болест ме фати додека бев во Болоња, каде што се дел од најдобрите истражувачки центри за рак на светот. Болоња исто така имаше среќа што ме повика да го спасам клубот од испаѓање, бидејќи таа сезона завршивме како 10-ти. На сите им велам, не се срамете ако имате тежок момент во животот. Мораме да научиме да живееме покрај проблемите“, изјави Михајловиќ.

Scroll to Top