Германија се соочува со голем пораст на новозаболени од вирусот Ковид 19, па Бундестагот усвои Закон за заштита од заразата кој овозможува понатамошно спроведување на мерките за сузбивање на пандемијата поради која за 7 дена ќе биде прогласена вонредна епидемиолошка состојба.
Меѓуостанатото, со новиот закон се овозможува одење на работа или возење со градски превоз само доколку граѓаните се вакцинирани против Ковид 19.
Сојузните покраини можат самостојно да носат поединечни одлуки, па Баварија го следеше примерот, а сега на удар се сите оние кои не се вакцинирани.
Посебен проблем имаат тројца играчи на Баерн Минхен – Џошуа Кимих, Серж Гнабри и Џамал Мусиала.
Тие не се вакцинирани, а германски „Кикер“ пишува дека ним им е забранет престој во истиот хотел каде што се останатите играчи пред натпреварите, а исто така, ќе мора и одвоено да патуваат на натпреварите.
Утре Баерн гостува кај Аугсбург.