Top Sport

Кјелце го расипа јубилејот на Барса, ПСЖ му дозволи на Порто само 4 гола во прво полувреме!

Кјелце ја продолжи одличната форма во ЕХФ Лигата на шампионите, стигнувајќи до фантастична 32:30 (19:16) победа на гости кај актуелниот шампион Барселона за да се зацврстат на првото место во групата Б. ПСЖ пак, ја прекина својата низа од три порази со убедлива 33:19 победа над Порто на Никола Митревски.

Кјелце успеа да го расипе јубилејниот 500. европски меч на Барселона, иако Каталонците почнаа одлично и дојдоа во предност од 10:6, пред Кјелце да се врати за 13:16 водство и да замине на одмор со предност од три гола. Андреас Волф на голот на Кјелце ги „збудале“ домаќините со 10 одбрани, за неговиот тим да стигне до драматична 32:30 победа. Аркадијуш Морито со 7 гола беше најефикасен за Кјелце, додека за Барса не помогнаа ниту расположените Дика Мем и Тимоти Н’Гесан, кои завршија со 7 гола.

Во Париз, пак, тимот на поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, имаше неверојатен старт, оставајќи ги Порто на само 4 гола во првото полувреме, додека им дадоа дури 18 гола. Од вакво полувреме немаше враќање. Камил Сипжак постигна осум гола, додека Недим Ремили додаде шест за ПСЖ.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 7.КОЛО, ГРУПА Б

Пари Сен-Жермен – Порто 33:19 (18:4)

Барселона – Кјелце 30:32 (16:19)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top