Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, се наоѓа пред отказ. „Црвените ѓаволи“, доживеаја уште еден понижувачки пораз, на „Викариџ роуд“, Вотфорд победи со 4:0. Поразот од Вотфорд е четврти на последните пет натпревар во Премиер лигата.
Управниот одбор на Манчестер јунајтед, вечерва одржува состанок, по кој ќе биде позната судбината на Солскјер. Англиските медиуми се сигурни дека ќе добие отказ.
„Манчстер евенинг“, објави дека играчите очекуваат смена на менаџерот. Според овој извор, неколкумина плачеле по поразот од Вотфорд.
Потенцијални наследници на Солскјер се Брендан Роџерс и зинедин Зидан.