Милан на „Артемио Франки“ во Фиренца го доживеа првиот пораз оваа сезона во Серија А. Фиорентина, во фантастичен натпревар, го победи Милан со 4:3. Мечот го обележаа Душан Влаховиќ и Златан Ибрахимовиќ кои постигнаа по два гола.
Фиорентина со оваа победа се искачи на шестото место на табелата, Милан остана на делба на лидерската позиција со Наполи. Наполитанците утре ќе го одиграат својот натпревар.
Малку фалаше Фиорентина да остане без победата и покрај тоа што имаа предност од 3:0 до 62.минута.
Фиорентина првиот дел го доби со 2:0. Данкан ја казни грешката на Татарушану во 15.минута, а на истекот на првиот дел гол постигна Сапунара.
Во 60.минута Влаховиќ ја зголеми предноста на „виола“ и тогаш на сцена стапи Ибрахимовиќ. Постигна два гола за само пет минути и го врати својот тим во натпреварот.
Победата Фиорентина ја обезбеди во 86.минута, кога Влаховиќ ја казни грешката на Тео Ернандез.
Во последните секунди од натпреварот Венути со авто-гол го постави конечниот резултат.