Њукасл се подготвени да дадат многу пари за да го донесат напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ во јануари, тврди британскиот „Сан“, во првата голема инвестиција на новите богати саудиски газди на премиерлигашот.
21-годишниот Влаховиќ во саботата постигна два гола во фантастичната 4:3 победа над Милан во саботата, со што има вкупн 10 гола во 13 меча во Серија А оваа сезона. Србинот исто така имаше 27 гола во 37 меча во Серија А минатата сезона за Фиорентина.
За Влаховиќ постои голем интерес од Јувентус, од Атлетико Мадрид и од премиерлигашките ривали на Њукасл, Тотенхем, но „Сан“ тврди дека Њукасл се подготвени дададат над 80 милиони евра за поранешниот талент на Партизан, откако пратиле скаути на мечот од квалификациите за СП помеѓу Португалија и Србија минатата недела.
Њукасл по вчерашното 3:3 реми со Брентфорд и победата на Норич над Саутемптон, се на последното место на табелата, и се во потрага за уште два бека, фудбалер од средниот ред и уште еден напаѓач во јануари.