Гонзало Игуаин постигна два гола за Јувентус да биде победник во италијанското дерби, победувајќи го слабиот Милан со 0:2 на преполниот „Сан Сиро“.
Без суспендираниот Леонардо Бонучи, кој не доби шанса да игра против својот поранешен тим, Милан немаше одговор на подобрата игра на Јуве, кои ја забележуваат деветатата победа во последните 11 мечеви против Милан.
Милан имаше солиден старт, но Јувентус полека похрабро напаѓаше откако Пауло Дибала уште во 15. минута го тестираше Џиџи Донарума. Дибала потоа го намести голот на Игуаин во 34. минута, гол кој беше јубилеен 100. за Аргентинецот во Серија А во само 154 натпревари.
Милан одговори на ова со одлично нафрлање на Фабио Борини, но Никола Калиниќ пристигна предоцна. Пред полувремето, Калиниќ повторно беше во шанса, но само интервенцијата на Џиџи Буфон ја сврте топката кон пречката.
Игуаин во 63. минута стави точка на натпреварот, кој може да е последен за тренерот на Милан, Винченцо Монтела по низата разочарувачки резултати.