Германскиот селектор, Ханси Флик вели дека очекува ѕвездата на Баерн Минхен, Џошуа Кимих да се вакцинира за КОВИД-19 по големите контроверзи кои ги предизвика неговата одлука да избегне вакцинација.
Потегот на Кимих и на уште некои негови соиграчи (како Ерик-Максим Чупо-Мотинг кој денеска беше позитивен откако одбиваше да се вакцинира), предизвика јавна дебата во Германија, но Флик вели дека тој го сменил мислењето.
„Да, мислам дека тој ќе се вакцинира, бидејќи работите одат во таква насока. Зборувавме и мислам дека сега ќе треба само да почекаме. Џо Кимих не е виновен за високиот број на инфекции и не е добро да се обвинува само тој. Не е лесно за младите луѓе да се соочат со таков притисок“, вели Флик.