Top Sport

Одбиваше вакцина, па закачи корона!

Ерик Чупо-Мотинг (32) е позитивен на Ковид 19. Фудбалерот на Баерн Минхен се чувствува добро и ќе биде во домашна изолација, објавија од клубот.

Чупо-Мотинг е еден од петмината „антиваксери“ во Баерн Минхен, заедно со Џошуа Кимих, Џамал Мусиала, Серж Гнабри и Мајкл Кусанс. Сепак, најновите вести од Германија се дека Мисиала и Гнабри сепак одлучиле да се вакцинираат.

Од баварскиот клуб вчера соопштија дека нема да му исплатат плата на секој играч кој ќе заврши во карантин затоа што бил во контакт со заразена личност, а притоа самиот не е вакциниран.

Ваквата одлука на клубот од Минхен ја предизвика однесувањето на Кимих кој е еден од најплатените во клубот со годишна плата од 20 милиони евра.

Тој одбива вакцина, па поради тоа не беше дел од дуелот против Аугзбург, а го пропушти и синоќешниот меч со Динамо Киев. Поради тоа Кимих ќе остане без 768.000 евра.

Scroll to Top