Top Sport

Прво не го познаваше, сега одби да се ракува – Спалети не се „мириса“ со Руи Виторија

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети објасни зошто одби да се ракува со тренерот на Спартак Москва, Португалецот Руи Виторија по 2:1 поразот од рускиот клуб по кој шансите за квалификување на италијанскиот клуб се драстично намалени.

Голот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не беше доволен за позитивен резултат на снегот во Москва, и по крајот на мечот кога Руи Виторија одеше со испружена рака, Спалети, кој имаше искуство во Русија со тимот на Зенит, ги крена рацете и си замина. Изразот на лицето на Руи Виторија беше комичен.

Спалети вели дека го направил потегот не поради поразот, туку поради една едноставна причина.

„Тој не ме поздрави пред мечот. Тогаш се ракуваш со другиот тренер, а не на крај само бидејќи си победил. Секогаш одам кај гостинскиот тренер пред мечот. Прелесно е да го направите тоа на крај кога сте победиле. Треба да му посакате добредојде на ривалот на својот стадион“, вели Спалети.

Инаку ова е втор комичен инцидент на Спалети со Руи Виторија, откако на првиот меч во Неапол, тој навистина појде да се ракува со Португалецот, но не знаеше како изгледа тој.

Спалети се посрамоти, не знаеше кој е тренерот на Спартак!

Елмас со глава погоди во Москва, ама не го спаси Наполи од пораз

 

Scroll to Top