Кјелце вторпат едноподруго го поразија европскиот шампион Барселона со 29:27 во Полска, откако беа во негатива речиси цел меч, додека Алборг првпат во својата историја го совлада Кил со 35:33 во дербито во групата А, каде што е и Вардар.
Барселона почна одлично, правејќи предност на стартот на мечот и кога имаа четири гола предност (23:37) на осум минути до крајот изгледаше дека ја добиле својата одмазда за домашниот пораз, но потоа Кјелце, предводени од Алекс Душебаев направија неверојатна серија од 5:0 за импресивна победа. Поранешниот вардарец Душебаев заврши со осум гола за полскиот клуб, додека кај Барса, Аитор Арино Бенгоечеа имаше 5 гола.
Кјелце сега се убедливо прво во групата Б со 14 поени, Барса останува втора со 9 пред Веспрем со 8 и ПСЖ со 7 поени.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Алборг – Кил 35:33 (17:16)
ГРУПА Б
Кјелце – Барселона 29:27 (14:16)