Веспрем го декласираше тимот на Мотор Запорожје со 36:29 за да го преземе второто место во групата Б во ЕХФ Лигата на шампионите, додека Флензбург со одлично второ полувреме стигна до 28:20 гостинска победа кај Динамо Букурешт за да го остави романскиот клуб на последното место во групата.
Словенецот Гашпер Маргуч беше во фантастична форма со 9 гола за унгарскиот гигант, а пет додаде Расмус Лауге Шмит за петта победа во осум кола за Веспрем и речиси сигурен пласман во нокаут фазата.
Во Букурешт пак, Динамо беше рамноправен противник во првото полувреме (13:13), но потоа дозволија гостите да направат серија од 5:0 за убедлива победа. Ханс Арон Менсинг со 9 гола го предводеше бундеслигашот до победа.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА Б
Динамо Букурешт – Флензбург 20:28 (13:13)
Веспрем – Мотор Запорожје 36:29 (18:13)