Top Sport

Болт „дебитираше“ за Стремсгодсет и веднаш си замина

Легендарниот спринтер од Јамајка, Јусеин Болт, му се заблагодари на норвешкиот фудбалски клуб Стремсгодсет, чии дрес го носеше на пријателскиот натпревар против националниот тим, за играчи до 19 години, на оваа скандинавска земја.

„Се чувствував одлично во тимот, атмосферата беше величествена. Сакам да му се заблагодарам на клубот за довербата“, рекол Болт кој играл од 71.минута.

„Ќе ги следам резултатите на Стремсгодсет. Ќе проверувам кој постигнал гол. Многу им благодарам на сите. Уживав во времето што го минав со тимот. За да победувате треба да го играте својот фудбал и да ги оставите сите стравови на страна“, дополнил светскиот рекордер на 100 и 200 метри.

Освојувачот на осум златни олимписки медали, претходно тренираше со играчите на јужно-африканскиот тим Мамелоди и со фудбалерите на Борусија Дортмунд.

Scroll to Top