Top Sport

Фаворитите на Путин се Бразил, Аргентина, Германија и Шпанија

Рускиот претседател Владимир Путин открил дека негови фаворити за титулата на светското првенство, што ќе започне на 14.јуни во Москва, се Бразил, Шпанија, Аргентина и Германија.

Во интервју за една кинеска телевизија, воочи својата посета на Кина, Путин одговорил и на прашања поврзани со 21.Светско првенство во фудбал, чии домаќин е Русија.

„Тоа е тешко прашање. Кој може да го освои СП. Има многу ривали. Тука се јужно-американските репрезентации, Бразил и Аргентина. На последното СП Германија играше одлично, а Шпанија е преубав фудбалски бренд. Сигурно дека има и други кандидати, но само најдобриот може да победи“, рекол Путин.

Тој ја коментирал и лошата форма во која се наоѓа репрезентацијата на Русија.

„За жал, нашата репрезентација во последно време не бележи добри резултати. Но навивачите и сите оние во Русија што го сакаат фудбалот се надеваат дека репрезентацијата ќе има добри изданија, дека ќе игра модерен, интересен фудбал и дека ќе се бори до самиот крај“.

Русија на 14.јуни против Саудиска Арабија ќе го отвори 21.Светско првенство во фудбал.

Scroll to Top