Нејмар поради повреда на скочниот зглоб, најмалку шест недели нема да игра фудбал. Бразилецот се повреди вчера против Сент Етиен.
Нејмар со солзи во очите, на носилки беше изнесен од теренот.
Ден потоа се појави информација колкава пауза го очекува. Радио Монте Карло тврди дека на терените ќе се врати кон средината на јануари.
Доколку прогнозата е точна тој ќе ги пропушти дуелите со Ница, Ленс, Монако, Лориен, Лион и Брест во Лига 1 и Бриж во Лигата на шампиони.
! A torcida ainda vaia o cara saindo de maca! #Forçaneymar @neymarjr #FrancesNaESPN pic.twitter.com/K20GLoF09P
— ? thiaguinhoh ? (@tthiaguinhoh96) November 28, 2021