Манчестер јунајтед, го претстави новиот менаџер, Ралф Рангник. Германецот ќе биде привремено решение, ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ до јуни.
Откако ќе му заврши договорот, Рангник, ќе остана на „Олд Трафорд“ и во наредните две години и ќе ја има улогата на консултант.
Ќе има влијание врз изборот на новиот менаџер и врз трансфер политиката. Тој ќе реши кој од играчите, чии договори истекувата на крајот од сезоната, ќе останат во клубот.
Рагник на клупата на Јунајтед доаѓа на местото на Оле Гунар Солскјер.
Од отказот на Солскјер до именувањето на Рангник, Јунајтед против Виљареар (2:0) и Челси (1:1) го предводеше Мајкл Керик.