Top Sport

Невозможно: 100 тројки на 19 натпревари

Стеф Кари продолжи да ги поместува границите и да испишува историја во НБА лигата.

Кари блескаше синоќа во Лос Анџелес против Клиперси. Постигна 7 тројки од 13 обиди, натпреварот го заврши со 33 поени. Голден стејт Вориорс се лидер во лигата со 17 победи и два порази.

Кари во првите 19 натпревари ја мина границата од 100 тројки, што е нов рекорд во НБА лигата. Во просек постигнува преку пет тројки по натпревар.

Вориорс оваа сезона ја најавуваат кандидатурата за висок пласман, а Кари според сите прогнози засега е единствениот кандидат за МВП наградата.

Scroll to Top