Top Sport

Најголемите европски клубови бараат поголема ЛШ и ЛЕ

Најголемите клубови во Европа, преку Асоцијацијата на европски клубови (ЕЦА) порача дека сака повеќе тимови во натпреварувањата на УЕФА, Лигата на шампионите и Лигата на Европа, како и повеќе натпревари за тие кои учествуваат.

ЕЦА, која претставува над 200 клубови од континентот, вели дека експанзијата на европските натпреварувања треба да се случи паралелно со намалување на националните лиги.

„Моделот кој ќе се воведе во натпреварувањата на УЕФА по 2024 година треба да ја зголеми вредноста на натпреварувањата, и во исто време да го зголеми бројот на клубови кои учествуваат и поголема сигурност за сите“, се вели во соопштението на ЕЦА по состанокот во Варшава.

Сегашниот интернационален календар е осигуран до 2024 година, а во моментов се преговара за новиот календар. Неодамна, претседателот на Јувентус и на ЕЦА, Андреа Ањели најави дека идеална ситуација би била Лига на шампиони во која тимовите би играле 14 меча во групите наместо сегашните шест. Ова би се решило со тоа што сегашните 32 клуба би играле во четири групи по осум клубови.

Фото: ЕПА

Scroll to Top