Фудбалерот на Реал Мадрид, францускиот репрезентативец Карим Бензема би можело во наредната сезона да го облече дресот на Манчестер Сити.
Договорот на искусниот Французин со „Кралевите“ истекува во летото 2023 година, а „граѓаните“ сакаат да го искористат периодот кога фудбалерот ќе влезе во последната година од договорат за да го доведат во Манчестер.
Сепак, се прашуваат и во Реал, тешко дека ќе сакаат Флорентино Перез и Карло Анчелоти да се ослободат од својот најдобар фудбалер, пренесува „Насионал“.
Сезонава голгетерот на 13 меча има постигнато 11 погодоци, надополнети и со 7 асистенции.
Од друга страна, по заминувањето на Агуеро, во Сити се чини недостасува вистински напаѓач, таа позиција моментно ја пополнува Габриел Жесус.
Засега не се познати деталите со кои Пеп Гвардиола ќе се обиде да го убеди Бензема да се пресели на Островот.