Германецот Лотар Матеус е рекордер според бројот на одиграни натпревари на светските првенства во фудбал. Матеус, на пет мундијали, одиграл 25 натпревари за Германија.
Матеус во 1990 година, со капитенската лента на раката, ја предводеше Германија до светската титула. Поранешниот фудбалер на Баерн, бил дел од мундијалите во 1982, 1986, 1990, 1994 и 1998 година.
Еден натпревар помалку на мундијалите одиграл неговиот сонародник Мирослав Клосе, кој со 16 гола е најдобриот стрелец во историјата на светските првенства.
Зад Гермнаците се уште две легенди на светскиот фудбал, Паоло Малдини од Италија со 22 и Диего Марадона со 21 одигран натпревар на светските првенства.
Од играчите што ќе ги гледаме во Русија, најмногу настапи на мундијалите имаат Мексиканецот Рафаел Маркез и Аргентинецот Хавиер Маскерано.
Маркерз и Маскерано одиграле по 16 натпревари на светските првенства.
Играчи со најмногу настапи на СП:
Лотар Матеус (Германија) – 25
Мирослав Клосе (Германија) – 24
Паоло Малдини (Италија) – 23
Диего Марадона (Аргентина) – 21
Уве Зелер (Германија) – 21
Владислав Змуда (Полска) – 21
Кафу (Бразил) – 20
Филип Лам (Германија) – 20
Бастијан Швајнштајгер (Германија) – 20
Гжегорж Лато (Полска) – 20
Волфган Оверат (Германија) – 19
Пер Мертерсакер (Германија) – 19
Роналдо (Бразил) – 19
Карл-Хајнц Румениге (Германија) – 19
Франц Бекенбауер (Германија) – 18
Фабио Канаваро (Италија) – 18
Дунга (Бразил) – 18
Марио Кемпес (Аргентина) – 18…