Италијанскиот фудбалски стручњак Џенаро Гатузо во јуни годинава го напушти кормилото на Наполи, и од тогаш е без работа.
Го поврзуваа со тренерската позиција во Глазгов Ренџерс, откако Стивен Џерард го напушти шкотскиот клуб и премина во Астон Вила. Сепак, Италијанецот не се пресели во Шкотска.
Сега се појавија информации дека Гатузо е многу близу до клупата на фудбалската селекција на Грција – европскиот шампион од Португалија, од 2004 година. Тој, според информациите, треба да биде наследникот на Џон ван`т Шип кој селекцијата на нашиот јужен сосед ја водеше на 26 натпревари и притоа запиша само 11 победи.
Грција во квалификациите за СП имаше само 2 победи од 8 средби, во група со Шпанија, Шведска, но и Грузија и Косово.