Месут Езил го повредил коленото, поради што е неизвесен неговиот настап на Светското првенство во Русија, објави „Билд“.
Фудбалерот на Арсенал не тренира со колегите од репрезентацијата во изминатите четири дена. Германскиот тим објави дека Езил не тренира поради повреда на грбот.
Сепак „Билд“ тврди дека Езил има проблеми со коленото и дека неговиот настап е под знак прашалник.
Ѕвездата на Арсенал, за Германија има одиграно 90 натпревари. Тој беше еден од клучните фудбалери пред четири години кога Германците ја освоија светската титула.
Германија на Светското првенство е во Г-групата со Мексико, Шведска и Јужна Кореја.