Менаџерот Вејн Руни побара стечајните управници на неговиот клуб, Дерби каунти, да направат повеќе за да го предадат клубот на нови сопственици за да се избегне гаснење на славниот клуб.
Поранешниот англиски капитен го поддржува американскиот бизнисмен Крис Кирхнер и обидот да ја преземе контролата на Дерби, иако признава дека не знае за другите заинтересирани. Доколку не се дојде до договор со даночните власти да ја намалат сумата на долгот, која изнесува 29 милиони фунти, на клубот му се заканува гасење. Второлигашот е во стечај од 18 септември.
„Ситуацијата се движи, но мора да се придвижи побргу, а знам дека има неколку потенцијални купувачи. Веќе зборував за Крис Кирхнер, и не е ситуација дека нема купувач. Деталите мора да се решат и бидејќи работите одат наопаку подолго време, потребна е итна реакција. Не смее клубот да отиде во ликвидација, имам доверба дека никој нема да го дозволи тоа“, вели Руни.
Дерби двапати беа казнети со поени, од кои вторпат со дури 21 поен, со што се во зоната за испаѓање со 19 поени од безбедноста.