Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп повторно беше против лудиот празничен календар во Премиерлигата, оценувајќи дека не е нормално да се има осум меча во декември, а потоа и дуел со Челси на 2 јануари.
Повеќе сезони, Клоп се спротиставува на англискиот фудбалски распоред, а сега пред гостувањето кај Вулверхемптон продолжи со своите критики.
„Лудо е. Секогаш било лудо и ќе биде лудо. Работите се во ред додека не се дојде до Божиќ. Мечеви на 26 и 28 декември не се нормални, но морам да го прифатам тоа. Го правиме тоа поради традицијата, но имаме два месеци пред нас кои ќе бидат тешки да се изддржат. За среќа, и другите клубови го имаат истото“, вели Клоп.
Покрај мечевите во Англија, Ливерпул ги очекува и последниот меч од групната фаза на ЛШ, во кој патуваат на гости кај Милан, иако веќе го имаат обезбедено првото место.
„Имаме уште два меча поради Лигата на шампионите… Се работи за 95 минути секои три дена, супер-интензивни мечеви, трчање и стартови. Воопшто не е лесно“, објаснува Германецот.
? "It's crazy, it was always crazy, and will always be crazy I think."
Liverpool manager Jurgen Klopp admits he is still baffled by the hectic Christmas schedule but concedes it is the same for every club ??pic.twitter.com/cvVWc5Ed9T
— Sky Sports (@SkySports) December 3, 2021