Top Sport

Словенките ја декласираа Црна Гора, Србија подобра од Полска

Словенечката ракометна репрезентација стигна до неверојатна 28:18 победа над фаворизираната Црна Гора во првото коло од Светското првенство во Шпанија, откако тимот на Драган Аџиќ доминираше од стартот до финишот за голема победа во групата во која се наоѓаат и Франција и Ангола.

Словенките првото полувреме го добија со неверојатни 16:8, одлучувајќи го победникот по првите 30 минути. Амра Панџиќ на голот на Словенија блесна со 14 одбрани, од кои 11 во првото полувреме, а најдобра кај словенската репрезентација беше капитенката Ана Грос со шест гола, а по четири додадоа Станко, Зулиќ и Гомилар Зикеро.

Одлично отварање на шампионатот имаа и Србинките, кои стигнаа до 25:21 победа над Полска, иако во последните минути од мечот беше неизвесно, додека огромни победи остварија Норвешка (46:18 над Казахстан) и Шведска (46:15 над Узбекистан).

25.СВЕТСКО ПРВЕНСТВО, ШПАНИЈА

ГРУПА А

Црна Гора – Словенија 18:28 (8:16)

ГРУПА Б

Србија – Полска 25:21 (16:13)

ГРУПА Ц

Норвешка – Казахстан 46:18 (24:10)

ГРУПА Д

Шведска – Узбекистан 46:15 (22:11)

Scroll to Top