Кошаркарот на грчки Олимпијакос – Саша Везенков е најкорисен играч во 13. коло од Евролигата, соопштено е на сајтот на лигата.
Олимпијакос во последното одиграно коло по продолженија го совлада тимот на Уникс со 87-84, а бугарскиот репрезентативец за 38 миути игра постигна 22 поени, имаше 7 скока, 5 украдени топки, 3 асистенции и една блокада со индекс на корисност – 36.
Олимпијакос во моментов е на третата позиција на табелата со 9 победи и 4 порази, а крилниот кошаркар просечно има по 12,2 поени и 5,6 скока на меч.