Фудбалерите на Болоња и Фиорентина утре во меч од 16. коло во Серија А ќе ги одмерат силите. Ќе биде тоа на некој начин дуел меѓу српскиот голгетер (Душан Влаховиќ) од една страна и српскиот тренер (Синиша Михајловиќ) на клупата на Болоња.
„Немам обичај да зборувам за противнички фудбалери, но за Влаховиќ ќе направам исклучок. Многу ми се допаѓа, има големи квалитети. Секогаш е гладен, лут, никогаш незадоволен, тешко е да го запреш. Среќен сум за неговите резултати во селекцијата“ порача Михајловиќ.
Стратегот на Болоња секако порача дека има план како да го запре Влаховиќ.
„Не му се плашам, во фудбалот на теренот не смеете да се плашите. Ќе биде тешко да го запреме, физички е многу јак, има брзина, но јас имам доверба во своите дефанзивци“ вели Михајловиќ.