Top Sport

Шок пораз за „сините“ во Лондон, „чеканите“ со пресврт до трите бода!

Лидерот на табелата во Премиерлигата, Челси попладнево доживеа пораз на гостувањето на „Олимпискиот стадион“ во Лондон, кај Вест Хем. „Чеканите“ со пресврт успеаја да му зададат удар на актуелниот европски првак, по 90 минути на семафорот стоеше 3-2, иако на полувреме предност имаше Челси, со 2-1.

Резултатот го отвори Тијаго Силва со гол во 28 минута.

Од пенал, Ланзини израмни на 1-1 во 40 минута, а за гостинска предност од 2-1 на полувремето се погрижи асистентот на првиот гол – Маунт, во 44 минута.

Во вториот дел доминација на домашните.

Боувен во 56 минута гаѓа прецизно за 2-2, а голот за победа на четата на Дејвид Мојс го постигна Масуаку во 87 минута.

По 15 меча Челси се уште е прв на табелата со 33 бода, еден повеќе од Манчестер Сити кој подоцна го игра својот натпревар од ова коло, нагости кај Вотфорд.

Вест Хем се зацврсти на четвртата позиција на табелата со 27 поени.

Scroll to Top