Јувентус, вчера ја победи Џенова (2:0). Чудо е како „старата дама “ не победи со пголема разлика, гостите од Џенова ниту еднаш не шутнаа кон голот на Војчех Шчесни.
Покрај головите, најинтересниот момент се случи во 72.минута, кога Алваро Мората ја напушти играта. Шпанскиот напаѓач доби лекција од тренерот Масимилијано Алегри.
Пред да биде заменет, Мората направи прекршок, доби жолт картон и продолжи да се расправа со судијата.
Токму тоа му го сугерирал Алегри.
„А што друго можев да направам?“, рекол Мората.
Алегри му порачал на напаѓачот за престана да зборува.
„Не сакав да го заменам, но доби жолт картон и продолжи да протестира. Жал ми е, играше одлично и покрај тоа што не постигна гол“, рекол Алегри.
Massimiliano Allegri ? Alvaro Morata pic.twitter.com/FJVHPadOu4
— FootballWTF (@FootballWTF247) December 5, 2021