Top Sport

Дејвид и Викторија Бекам демантираат дека се разведуваат

Дејвид и Викторија Бекам ги демантираа шпекулациите во англиските медиуми дека се пред развод, откако неколку обложувалници престанаа да примаат уплати дека славната двојка по 19 години брак ќе се раздели.

Двајцата се сретнаа првпат пред 21 години, кога Бекам беше ѕвезда на Манчестер јунајтед, а „Пош спајс“ Викторија беше во поп-сензацијата Спајс грлс. Двојката има четири деца – Бруклин (19), Ромео (15), Круз (13) и Харпер (6).

Шпекулациите за развод доаѓаат откако наводно Дејвид ја забременил учителката на неговиот син.

Букмејкерот „Педи пауер“ објави дека веќе не прима уплати на разводот, но веќе понудија опции за тоа која ќе биде следната врска на Бекам.

„Нема никаква објава од Дејвид и Викторија. Се работи за фејк њуз преку социјалните мрежи. Ова е бизарно за двајцата и вистинско губење на време“, изјави портпаролката на двојката.

 

Scroll to Top