Англискиот напаѓач Хери Кејн ќе остане во тимот на Тотенхем барем уште шест години, откако се согласи на нов богат договор со лондонскиот клуб.
Договорот на 24-годишниот напаѓач значи дека тој останува во Тотенхем до 2024 година, и ќе заработува 200.000 фунти со дополнителни бонуси, огромно зголемување од неговиот сегашен договор. Потписот доаѓа откако претходно менаџерот на Спарси, Маурисио Почетиино потпиша договор до 2023 година.
„Пресреќни сме што можеме да потврдиме дека Хери Кејн потпиша нов шестгодишен договор до 2024 година“, напишаа Тотенхем на Твитер.
Кејн постигна 30 голови во Премиер лигата минатата сезона, а Тотенхем заврши на третото место на табелата и следната година ќе игра во Лигата на шампионите на обновениот „Вајт харт лејн“. Тој беше на „мета“ на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, но таков трансфер наскоро нема да има.
Фото: ЕПА
?️ “The future is bright at this Club.”@HKane discusses his new six-year deal.#OneOfOurOwn pic.twitter.com/4aaqsOZMox
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) June 8, 2018