Актуелниот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ, со доминантна игра им ја донесе победата на Денвер Нагетс во Њу Орлеанс 120:114. Добар меч одигра и ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, во победата 104:96 во Мемфис.
Денвер Нагетс играа продолжение во Њу Орлеанс. Во дополнителните пет минути ги однесе Јокиќ, кој постигна пет поени во финишот на мечот, а потоа издоминира во продолжението, постигнувајќи 11 од 15.поени на Денвер.
На крајот Јокиќ го забележа 61.трипл-дабл во кариерата, 39 поени, 11 скока и 11 асистенции.
Во тимот на Њу Орлеанс се истакна Литванецот, Јонас Валнчунас со 27 поени и 11 скока.
Далас Маверикс на европски погон, ја прекинаа серијата на лоши резултати со победата во Мемфус 104:96.
Дончиќ и Прозингис го предводеа тимот, Словенецот со 26 поени, осум скока и седум асистенции, а Литванецот со 19 поени.
Резултати: Шарлот-Филаделфија 106:110, Кливленд-Чикаго 115:92, Детроит-Вашингтон 116:119, Индијана-Њујорк 122:102, Мајами-Милвоки 113:104, Торонто-Оклахома 109:110, Хјустон-Бруклин 114:104, Минесота-Јута 104:136, Голден стејт-Портланд 104:94, Сакраменто-Орландо 142:130, ЛА Клиперс-Бостон 114:111.