Во првиот меч од втората фаза на СП во ракомет за жени во Шпанија Русија ремизираше со Словенија, 26-26.
Словенките играа одлично во текот на целиот меч, но не успеаја да го издржат притисокот на Русинките и да однесат голема победа.
Словенија водеше на полувремето, 15-14, а пред самиот крај имаа и +4 (22-18). Сепак, Русинките со серија од 5-0 се вратија во живот, па следуваше луд финиш и поделба на бодовите.
Најефикасна кај Русија беше Екатерина Илина со 7 гола, а кај Словенија Тјаша Станко исто така броеше до 7.
Ракометарките на Холандија, потешко од очекувањата триумфираа против Романија, со 31-30.
Најефикасна кај „лалињата“ беше Бо ван Вереринг со 6 гола, а Снулден, Дер Хејден и Дулфер постигнаа по 4 гола.
Кај Романките „прва виолина“ беа Ласло и Пинтеа со по 6 гола, а Остасе постигна 5.