Top Sport

Комисијата немаше милост – одземен бод на Лион поради хулиганство

Дуелот меѓу Олимпик Лион и Олимпик Марсеј беше прекина поради скандал откако еден од домашните навивачи го погоди со шише во глава играчот на гостинскиот тим – Димитри Паје.

Мечот беше прекина и одложен, а Паје заврши во болница, за среќа немаше посериозна повреда.
Навивачот за непромислениот потег заработи казна од 6 месеци затвор условно, а во следните 5 години не смее да влезе на стадионот. Денеска стигна одлуката и во врска со казната за Лион.

Францускиот клуб поради инцидентот остана без еден бод, мечот ќе се преигра, а Лион два меча ќе треба да игра пред празни трибини (еден веќе одиграа).

Во Марсеј пресудата ја нарекоа „смешна“.

„Никој од Марсеј не е повикан да зборува пред Дисциплинската комисија, никој не не конкаттираше, ова е смешно.
Мечот е прекина по 4 минути, а една од двете страни воопшто не ја повикаа. Дали некогаш сте виделе суд да не ја повика жртвата за да ја чуе нејзината страна? Лион се обиде се да `ублажи`, дури во извештајот никаде не се споменува дека тие не поставиле мрежа меѓу навивачите и теренот. Не ја признаваме ваквата пресуда“ – велат од Марсеј.

Мечот ќе се игра на празен стадион, а датумот се уште не е одреден. Сезонава на стадионите во Франција забележани се уште 5 навивачки инциденти.

Лион сега е на 12. позиција со 22 бода, заостанува зад водечкиот ПСЖ цели 18 бода.

Scroll to Top