Голден стејт Вориорс ја одбранија шампионската титула во НБА лигата. Вориорс со чисти и 4-0 ја решија серијата против Кливленд Кавалирс. Четвртиот натпревар одигран на теренот, на Кливленд, Вориорс го добија убедливо со 108:85.
Четвртиот меч Голден стејт го решија во „нивната“ трета четвртина кога стекнаа предност од 20 поени. Вориорс ја освоијата шестата титула во историјата на франшизата и станаа деветтиот тим во НБА историјата што до шампионскиот прстен стигнал без пораз.
За најдобриот играч на Кливленд Леброн Џејмс, кој можеби го одигра последниот меч во дресот на Кавалирс, ова беше шестти пораз во финалните натпревари, а четврти со Кливленд.
Исто како и лани МВП наградата, за најдобар играч во финалето, ја доби крилниот играч на Голден стејт, Кевин Дурент.
Дурент во четвртиот натпревар забележа „трипл-дабл’ од 20 поени, 12 скока и 10 асистенции. Вориорс до победата ги предводеше Стеф Кари со 37 поени (осум тројки).
Кај Кливленд, Леброн Џејмс заврши со 23 поени, седум скока и осум асистенции, а „дабл-дабл“ од 13 поени и 10 скока запиша Кевин Лав.