Двата најголеми фудбалски клубови во регионот, Црвена звезда и Динамо Загреб обезбедија пласман во Лига Европа и во пролетниот нокаут дел од натпреварувањето по импресивни гостински мечеви.
Црвена звезда одигра 1:1 на гостувањето во Португалија кај Спортинг Брага, благодарение на голот од пенал на Александар Катаи, за да го освојат првото место на табелата во групата Ф, откако данскиот Митјиланд одигра само 0:0 со бугарскиот шампион Лудогорец.
Katai sa bele tačke doneo izjednačenje Zvezdi pic.twitter.com/uR7eiHZef3
— Nenadana (@Nenad49186605) December 9, 2021
„Модрите“ пак, по поразот во домашното дерби од Хајдук и оценките дека „ова е најлошиот Динамо последната деценија“, ги изненади сите откако на гости кај Вест хем јунајтед стигнаа до 1:0 победа благодарение на фантастичниот гол на Мислав Оршиќ уште на стартот на мечот.
Vos tranquilo, Mislav Orsic pic.twitter.com/V2NXHF1ch4
— Fútbol Vertical (@futbol_vertical) December 9, 2021
Во другите групи, Лацио и Галатасарај одиграа 0:0 на „Олимпико“, резултат кој на двата клуба им обезбедува фудбалска пролет, а Реал Бетис и покрај поразот во Шкотска кај Селтик, заедно со Баер Леверкузен одат понатаму во групата Г.
ЛИГА ЕВРОПА, 6.КОЛО
ГРУПА Е
Лацио – Галатасарај 0:0
Марсеј – Локомотив Москва 1:0
ГРУПА Ф
Лудогорец – Митјиланд 0:0
Брага – Црвена звезда 1:1
ГРУПА Г
Селтик – Реал Бетис 3:2
Ференцварош – Баер Леверкузен 1:0
ГРУПА Х
Генк – Рапид Виена 0:1
Вест хем – Динамо Загреб 0:1