Top Sport

Леброн Џејмс финалната серија ја играл со фрактура на дланката

Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар на денешнината, признал дека со големи болки и скршена дланка ги одиграл последните три натпревари од финалната серија во НБА лигата, против Голден стејт Вориорс.

Џејмс се здобил со фрактура по завршувањето на првиот меч од серијата, кога Кливленд Кавалирс, поради неколку сомнителни судиски одлуки и глупоста на Џеј Ар Смит ја испуштија победата.

Во соблекувалната, тој удрил во таблата и се здобил со фрактура. Џејмс ова им го потврдил на новинарите на прес конференцијата по завршувањето на четвртиот меч.

Леброн, по првиот натпревар, не сакал да говори за оваа повреда, туку продолжи да игра, но и покрај неговото присуство Кавалирс немаа сили да им се спротивстават на актуелните шампиони. Голден стејт Ворисор со чисти 4-0 ја добија финалната серија и ја одбранија титулата.

Џејмс, на прес конференцијата рекол дека бил нервозен по првиот меч, бидејќи знаел дека тимот испуштил одлична можност за брејк.

Со фрактура на дланката, Џејмс, во вториот меч забележа 29 поени, девет скока и 13 асистенции, во третиот имаше учинок од 33 поени, 11 скока и 10 асистеции, а во четвртиот забележа 28 поени, седум скока и осум асистенции.

Scroll to Top