Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Косово, Фадиљ Вокри, починал утрово од инфаркт. Информацијата за „Коха диторе“ ја потврдил секретарот на косовскиот сојуз Ерол Салиху. Вокри починал на 57-годишна возраст откако му се слошило на тренинг.
Вокри во кариерата настапувал за Приштина, Партизан, Фенербахче, Ним, Нурже и Монлусон, каде ја завршил кариерата. За репрезентацијата на поранешна Југославија одиграл 12 натпревари и постигнал шест гола.
Во изминатите десет години беше претседател на Фудбалскиот сојуз на Косово.