Себастијан Фетел ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Канада. Возачот на Ферари, покрај најбрзиот круг, успеа да постави и најбрз круг, 1:10.764 минути, на патеката „Жил Вилнев“.
Фетел, во Канада, ја освои 54.пол-позиција во кариерата. Инаку, Ферари на оваа патека нема победа од 2004 година, кога славеше Михаел Шумахер.
Место до Фетел, во првиот ред на стартот, обезбеди Финецот од Мерцедес, Валтери Ботас, кој имаше послабо време од Германецот за само 93 илјадити делови од секундата.
Вториот ред на стартот го формираа Макс Ферстапен од Ред Бул и актуелниот светски првак Луис Хамилтон.
Утрешната трка од петтото и шестото место ќе ја стартуваат Кими Раиконен од Ферари и Даниел Рикардо од Ред Бул.
Првите шестмина во квалификациите се сместија во разлика од 0,352 секунди.
Место меѓу најдобрите десет на стартот обезбедија и возачите на Рено, односно Форс Индија: Нико Хулкенберг (Рено), Естебан Окон (Форс Индија), Карлос Саинц (Рено) и Серхио Перез (Форс Индија).
Траката за Големата награда на Канада в недела ќе стартува во 20:10 часот по средно-европско време.
That’s a wrap for Qualifying!
Barely anything to choose between the top three teams
But Sebastian Vettel claims pole number 54 ?#CanadianGP ?? #F1 pic.twitter.com/W84Tcv8xwB
— Formula 1 (@F1) June 9, 2018