Ракометните репрезентации на Хрватска и Словенија, во Загреб, го одиграа вториот подготвителен натпревар во рамките на ЕХФ неделата. Натпреварот кој само на хартија беше пријателски, донесе голема борба и победа на Хрватите 21:19.
Дуелот го обележаа неколку груби прекршоци, мал број на голови и два црвени картони. Хрватска дури во финишот успеа да го скришо отпорот на Словенија.
Натпреварот го реши играчот на Вардар Иван Чупиќ, кој при водство на Хрватска 20:19 постигна гол за 21:19 на влез во последната минута.
Како и на првиот натпревар, пред два дена во Љубљана (26:26) и на овој во Загреб Хрватска ја преводеа играчите на Вардар, Чупиќ со шест гола беше најефикасен, а Карачиќ постигна четири гола. Најефикасен на теренот беше Словенецот Јуре Доленец со осум гола.