Ракометните репрезентации на Хрватска, Норвешка и Унгарија речиси обезбедија пласмна на Светското првенство наредната година.
Хрватите, ја декласираа Црна Гора со 13 гола разлика. Хрватите, во Осиек, против не комплетната Црна Гора, славеа 32:19.
Унгарија приреди изненадување, откако во Словенија со победата 29:24 стекна огромна предност во реваншот.
Норвешка ја оправда фаворитската улога против Швајцарија и стекна сигурна предност пред реваншот 32:26.
Изненадување претставува поразот на европскиот вице-првак Шведска во Холандија. Холанѓаните победија 25:24, а Швеѓаните во реваншот ќе треба да ја надоместат негативата.
Резултати:
Хрватска-Црна Гора 32:19 (17:10)
Словенија-Унгарија 24:29 (14:13)
Норвешка-Швајцарија 32:26 (19:11)
Холандија-Шведска 25:24 (13:12)
Петок:
Литванија-Исланд 27:27 (10:13)
Чешка-Русија 27:26 (12:17)
Недела:
16 ч. Белорусија-Австрија
18:30 ч. Србија-Португалија
20:30 ч. Македонија-Романија