Дефанзивецот на Наполи, Костас Манолас доби казна од италијанската финансиска полиција, откако на царинска проверка на аеродромот во Неапол, со себе носел повеќе од дозволените 20.000 евра.
Според „Ла газета дело спорт“, 30-годишниот Манолас се враќал во Грција оради медицински причини, но царинската служба му пронашла голема сума на кеш на проверка на аеродромот „Каподикино“.
Манолас имаше тешка сезона со Наполи, пропуштајќи десет натпревари поради повреди, и има само четири настапи во Серија А под Лучано Спалети.
Manolas fermato (e multato) dalla GdF in aeroporto: trasportava più di 20mila euro #Napoli https://t.co/hisunp3XyX
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) December 15, 2021