Top Sport

ПСЖ им го „крадат“ Ридигер на Реал во последен момент?

Пари Сен-Жермен се обидуваат во последен момент да го „расипат“ договорот на Реал Мадрид со дефанзивецот на Челси, Антонио Ридигер, обидувајќи се да го убедат неговиот агент Сар Сенеси да потпише пред-договор веќе на 1 јануари, во последната епизода на битката на двата клуба, кои интересно ќе се судрат во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Според „Диарио АС“, 28-годишниот Германец бил подготвен за трансфер во Реал Мадрид по позитивните преговори со клубот, но ПСЖ решиле да влезат во битка за него преку преговарање со неговиот агент (и брат), Сенеси.

Ридигер ќе може да потпише пред-договор на 1 јануари доколку не го продолжи договорот со Челси, кој му истекува а крајот на сезоната, а за него има повеќе заинтересирани клубови, вклучувајќи ги Баерн Минхен и Манчестер јунајтед. Тој е еден од четирите дефанзивци на Челси на кои им завршуваат договорите на крајот на сезоната покрај Цезар Азпиликуета, Андреас Кристенсен и Тијаго Силва.

Постои и опција тој да остане на „Стемфорд бриџ“, но клубот засега не планира да му ги даде посакуваните 200.000 фунти неделна плата, што би било огромно зголемување од неговата сегашна плата од 90.000 фунти.

Scroll to Top