Top Sport

Еклстоун не е среќен што Хамилтон стана витез: Што направил тој за својата земја?

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун вели дека Луис Хамилтон едноставно не ја заслужува титулата витез на Британската Империја, односно тоа што ќе биде познат како Сер Луис Хамилтон бидејќи едноставно не направил ништо посебно за неговата земја.

„Мислам дека многу луѓе во историјата не се прогласени витези, бидејќи таа титула која постоеше толку долго време беше резервирана за луѓе кои направиле нешто за земјата. Тие кои сега стануваат витези само заработуваат многу пари и донираат на добротворни организации, но не прават ништо посебно за татковината“, вели 91-годишниот Еклстоун, кој да потсетиме по повлекувањето од Ф1 живее во Бразил.

Хамилтон не е првиот Формула 1 возач кој го добил ова признание, бидејќи пред него витези биле прогласени Џек Бребем, Џеки Стјуарт и Стирлинг Мос.

Scroll to Top