Премиерлигашките мечеви овој викенд помеѓу Саутемптон-Брентфорд, Вотфорд-Кристал палас, Вест хем-Норич и Евертон-Лестер се откажани поради кризата со позитивни случаи на КОВИД-19, потврди Премиерлигата.
Откако претходно беше откажан и мечот Манчестер јунајтед-Брајтон, тоа значи дека викендов ќе има 5 од предвидените 10 меча, но лигата уште одбива да направи промена во календарот и да го суспендира шампионатот.
Покрај овие откажувања, пред вечерашните мечеви Ливерпул-Њукасл и Челси-Евертон, домашните тимови потврдија повеќе позитивни тестови. Кај Ливерпул позитивни се Виргил ван Дајк, Фабињо и Кертис Џонс, додека кај Челси има три позитивни тестови: Ромелу Лукаку, Тимо Вернер и Калам Хадсон-Одои, додека се чека одговор за тестот на Каи Хаверц.
Манчестер јунајтед имаат само седум достапни фудбалери, барање за прекин на сезоната