Top Sport

Лигата на нации Македонија ќе ја отвори против Бугарија

Фудбалската репрезентација на Македонија, со две гостувања, ќе го започне новиот циклус во Лигата на нации. Македонија, вчера ги доби противниците во Ц-дивизијата, тоа се Бугарија, Грузија и Гибралтар.

Третото издание во Лигата на нации ќе се игра во јуни и септември наредната година. Македонија, во јуни, за десет дена ќе одигра четири натпревари, а потоа уште два во септември.

Првиот натпревар Македонија ќе го одигра во Бугарија на 2.јуни, а три дена подоцна следува гостувањето кај Гибралтар. Првиот домашен натпревар избраниците на Благоја Милевски ќе го имаат на 9.јуни против Грузија.
На 12.јуни Гибралатар ќе гостува во Македонија, а циклусот ќе биде завршен со дуелите против Грузија во Тбилиси, на 23.септември и домашениот меч против Бугарија на 26.септември.

Фото/ffm.mk

Scroll to Top