Њукасл јунајтед се заинтересирани да го донесат Антони Марсијал од Манчестер јунајтед во јануари, откако агентот на францускиот напаѓач призна дека тој сака да замине од „Олд Трафорд“ поради малата минутажа која ја добива оваа сезона, тврди „Сан“.
Позајмицата би ги чинела Њукасл 6 милиони фунти, а бидејќи и во Јувентус има интерес за Марсијал, со тоа што не би се работело за постојан трансфер би се зголемиле шансите бидејќи постои сериозна опасност Њукасл да испадне од лигата. Марсијал има уште две години од договорот со Јунајтед.
Според „Сан“, Њукасл исто така би сакале да го добијат и ветеранот на Интер, Един Џеко. Репрезентативецот на БиХ има одлична сезона со 11 гола за „нераѕурите“ оваа сезона, но клубот би бил подготвен да направи профит за фудбалерот кого го добија бесплатно од Рома во текот на летото.