Top Sport

Клоп: Ливерпул нема да купуваат невакцинирани фудбалери

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп открива дека тој би бил против потпишување на нови договори со фудбалери кои не се вакцинирани за КОВИД-19, бидејќи тоа ќе донесе премногу проблеми во тимот.

„Го добив тоа прашање на претходната прес-конференција и тогаш не размислив за тоа, да бидам искрен. Тоа е изгледа бидејќи не сме блиску до потпишување на нов фудбалер. Но, сега, откако размислив, мислам дека тоа ќе има огромно влијание. Дефинитивно, бидејќи во спротивност ќе треба да правиме некои отстапки, како градење на дополнителна зграда за невакцинираните фудбалери. Тоа нема да се случи. Во таква ситуација, невакцинираниот фудбалер е постојана закана за сите нас. Мора да биде во посебна соблекувална, да јаде во посебна просторија, да имаат посебен автобус…“, вели Клоп.

Scroll to Top