Душан Влаховиќ го постигна својот 33. гол во Серија А во календарската 2021 година, за да го израмни рекордот на Кристијано Роналдо и да помогне Фиорентина да стигне до импресивен 2:2 камбек против Сасуоло.
Работите не изгледаа добро за клубот од Фиренца, откако на својот „Артемио Франки“ губеа со 0:2 по магични пет минути на гостите. Џанлука Скамака во 32. минута ги шокираше домаќините, за веќе во 37. минута Давиде Фратези да зголеми на 0:2.
Во 51. минута, Влаховиќ намали на 1:2 со одличен гол, негов 16. оваа сезона за шест натпревари во низа да постигнува гол, а рекордот на Роналдо може да падне до крајот на годината, бидејќи Фиорентина гостува на Верона во следното коло. Десет минути подоцна, Лукас Тореира, кој претходно му асистираше на Влаховиќ израмни на 2:2, но надежите за победа паднаа во вода кога Кристијано Бираги доби втор жолт картон во 68. минута.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк